ОФИЦИЈАЛНО: Санчез останува во Италија, потпиша договор со Интер

Екипата на Интер го договори трансферот на Алексис Санчез, кој без надомест пристигна во Милано и стави потпис на договор до 2023 година. 

Чилеанецот мина една сезона како позајмен во редовите на „нероаѕурите“, по што падна договор со Манчестер Јунајтед и тој ќе остане во Италија. Англиската екипа мораше да се ослободи од огромната плата од 20 милиони евра по сезона, макар и по цена да не заработат ништо на неговиот трансфер. 

„Интер објавува дека Алексис Санчез прејде во редовите на „нероаѕурите“ без надомест. Чилеанскиот напаѓач потпиша договор со клубот до 30 јуни 2023 година“, стои во соопштението на Интер. 

Санчез во својата кариера се проби преку Ривер Плата, каде беше забележан од Удинезе. По Италија, крилниот играч доби повик од Барселона, каде играше три сезони пред да замине во Арсенал, а во Лондон го одигра најдобриот дел од кариерата.

Сепак, следеше трансфер во Манчестер Јунајтед, каде за една сезона целосно го загуби континуитетот, па мораше да ја „спасува“ кариерата во Интер. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.