• Сашо Поповски

Сенегалскиот голгетер Садио Мане во наредните три години ќе го носи дресот на Баерн Минхен.
Поранешниот напаѓач на Ливерпул денес беше претставен пред баварските фанови. Германскиот првак за него плати 32 милиони евра, а потенцијалната сума би можела да прерасне до 41 милион со сите предвидени бонуси.
30-годишникот по шест години заминува од „Енфилд“. Со англискиот клуб освои голем број титули, вклучувајќи го трофејот во Премиер лигата.
Баерн донесе напаѓачка опција бидејќи очекува Роберт Левандовски да си замине од „Алијанц Арена“.