ОФИЦИЈАЛНО: Рома поради бизарна грешка со службени 3-0 загуби кај Верона

Како што беше најавено, на екипата на Рома и беше запишан службен пораз од 3-0, во дуелот од првото коло од италијанската Серија А против Верона.

Иако „волчицата“ освои бод на гостувањето на „Бентегоди“, сепак домаќинот ги доби сите три, а причина за тоа е неверојатен превид на управата на Рома. Се работи за играчот за врска Амаду Диавара, кој беше пријавен како играч под 22 години, иако веќе од јули има полни 23. 

Поради почетничката грешка на одговорните лица кои го пријавиле составот, Рома се соочи со санкција. Италијанските медиуми наведуваат дури дека челниците на лигата го предупредиле клубот, но римјаните не делувале и ќе се соочат со последиците. 

Од Рома се обидоа да ја оспорат одлуката, бидејќи тоа не е грешка која влијаела на натпреварот, но правилата велат дека таков превид се санкционира со пораз од 3-0.