ОФИЦИЈАЛНО: Рома му врачи отказ на Жозе Мурињо!

Челниците на Рома му врачија отказно решение на славниот тренер Жозе Мурињо. Португалецот и неговиот стручен штаб веднаш заминуваат од клубот, а „волчицата“ ќе побара ново решение за иднината. 

Рома во последниот период беше во криза, во претходниот еден месец запиша само една победа во првенството, загуби трипати и еднаш одигра реми. Неуспехот против Милан веројатно ја прели чашата и клубот се реши да тргне по нов пат. 

„Рома објавува дека Жозе Мурињо и неговиот стручен штаб си заминуваат од клубот веднаш. Информации за следниот предводник на првиот тим ќе бидат објавени набрзо“, стои во соопштението.

Мурињо ја презеде Рома во јули 2021 година, а веднаш во првата сезона ѝ го донесе првиот европски трофеј по долга пауза, освојувајќи ја Конференциската лига. Во втората сезона со „волчицата“ стигна до финалето на Лигата на Европа и загуби од Севиља. 

Вкупно Мурињо ја водеше Рома на 138 официјални натпревари, запиша 68 победи, 30 нерешени и 40 порази, со 1,7 поени во просек по натпревар.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.