• Иван Димовски
Рома го потврди потписот со искусниот германски дефанзивец Матс Хумелс. 35-годишниот стопер стави потпис на договор со „џалоросите“ и веќе го имаше првиот тренинг.
По заминувањето од европскиот вицепрвак Борусија Дортмунд, Хумелс остана слободен агент и беше во потрага по нова средина. Се споменуваа многу клубови, дел во Шпанија, дел во Италија, а имаше и други заинтересирани.
Benvenuto alla Roma, Mats Hummels! #ASRoma pic.twitter.com/ccIKI0ajTO
— AS Roma (@OfficialASRoma) September 4, 2024
35-годишниот Хумелс веќе потпиша со Рома, го задолжи дресот со број 15 и стана само седмиот Германец во историјата кој ќе заигра за клубот.
Ветеранот ќе биде сериозно засилување за дефанзивата на Де Роси, бидејќи минатата сезона ја одигра на врвно ниво за Борусија и беше еден од лидерите на тимот до финалето на Лигата на шампионите.