Потврдено: Рома го официјализира Фонсека за свој нов тренер

Она што неколку дена се најавуваше, утрово е потврдено. Италијанскиот гигант Рома и официјално има нов предводник, откако раководството постигна договор со младиот фудбалски стратег Паоло Фонсека. 

46-годишниот тренер на клупата на „римската волчица“ ќе седне како замена за искусниот Клаудио Раниери, потпушувајќи договор на две години, со можност истиот да се продолжи на уште една. 

Својот последен ангажман Фонсека го имаше во тимот на Шахтјор, клуб со кој во трите сезони освои седум трофеи, меѓу кои и последната од домашното првенство на Украина