ОФИЦИЈАЛНО: Ривер Плата со соопштение потврди дека нема намера да игра во Мадрид!

Ривер Бока изјава

Одлуката на КОНМЕБОЛ, финалето на Копа Либертадорес да се игра на „Сантијаго Бернабеу“ донесе бурни реакции од екипата на Ривер Плата.

Реваншот требаше да биде одигран на „Монументал“, но истиот беше одложен поради нападот врз фудбалерите на Бока Јуниорс. Документот е потпишан од претседателот на екипата, Родолфо Д'Онофрио, а во истиот се бара натпреварот да се игра во некоја од земјите од Јужна Америка, кои припаѓаат на КОНМЕБОЛ.

Ниту една од екипите не обезбеди предност по првиот судир, па се очекуваат супер интересни 90 минути на вториот дуел.

Моментално стои одлуката дека мечот ќе се одигра на 9 декември во шпанската престолнина со почеток од 20:30 часот.