ОФИЦИЈАЛНО: Ристевски потпиша соработка со АЕЛ Лимасол

Македонскиот репрезентативец Кире Ристевски потпиша договор со екипата на АЕЛ Лимасол.

30-годишникот си заминува Унгарија, каде ги бранеше боите на Ујпешт. Дефанзивецот се обврза на соработка за наредните две сезони, со можност истата да биде продолжена за уште една.

Кариерата на Ристевски започна во битолски Пелистер. Потоа играше во Албанија и Бугарија, пред да се врати во македонското првенство, во редовите на Работнички. Од 2016 година е дел од унгарскиот фудбал, каде првично пристигна во Вашаш, а потоа заигра за Ујпешт.

Во новата екипа ќе ја дели соблекувалната со уште еден македонски интернационалец, Давор Здравковски. Во Кипар играат уште и македонските репрезентативци Спировски, Тричковски, Мојсов и Богатинов.