ОФИЦИЈАЛНО: Реина се врати во Премиер лигата, ќе брани во Астон Вила

Новиот член на Премиер лигата, Астон Вила денес се засили со поранеш светски шампион, потпиша со Шпанецот Пепе Реина. Голманот доаѓа на позајмица од шест месеци од Милан, откако Том Хитон поради повреда на коленото ќе отсуствува до крајот на сезоната.

37-годишниот Шпанец мина осум години во Ливерпул помеѓу 2005 и 2013 година.

„Пепе има големо искуство во Премиер лигата. Минатото лето баравме искусен голман и го доведовме Том Хитон. За жал, неговата повреда го остави надвор од терените до крајот на сезоната, но Реина поради неговите лидерски квалитети, верувам дека достојно ќе го замени“,, изјави менаџерот на тимот од Бирмингем, Дин Смит.

Астон Вила е 18-та во Премиер лигата по нешто повеќе од половина сезона и веројатно до последното коло ќе се бори за опстанок во лигата.