ОФИЦИЈАЛНО: Реал Мадрид ќе ја доигра Примера надвор од „Бернабеу“

Шпанскиот фудбал го најави својот рестарт, а Реал Мадрид ќе ги продолжи натпреварите од Примера надвор од својот дом „Сантијаго Бернабеу“ и ќе ја доигра сезоната на малото стадионче.

Европските натпреварувања ќе се доиграат во текот на летото, ама без присуство на публика. Така, Реал Мадрид нема да ги игра домашните натпревари на „Сантијаго Бернабеу“, туку ќе оди на друг стадион.

„Кралскиот клуб“ ќе штеди средства и домашните натпревари ќе ги игра на „Алфредо Ди Стефано“, стадион во сопственост на клубот со капацитет од 6.000 места. На овој терен натпреварите ги игра вториот тим на Реал, Кастилја.

Реал Мадрид моментално се наоѓа на второто место во Примера со два бода помалку од лидерот Барселона.