ОФИЦИЈАЛНО: Реал Мадрид ќе го „скокне“ овој викенд во Примера

Екипата на Реал Мадрид нема да игра натпревар во шпанска Примера овој викенд поради обврските на повеќето играчи на јужноамериканската фудбалска сцена. Барањето на „кралевите“ го прифати судот за спорт во Шпанија.

Фаворитот за титулата во шпанската елита даде повеќе играчи во квалификациите за СП 2022 во Јужна Америка, па така, тие немаат време да се вратат во клубовите и да ги минат стандардните процедури поради пандемијата со коронавирусот.

Поради обврските во Лигата на шампионите во вторник, немаше кога Реал Мадрид да го игра натпреварот со Атлетик Билбао, па овој натпревар е одложен.

Новиот датум за средбата меѓу Реал Мадрид и Атлетик Билбао ќе биде одреден од страна на Примера во следните денови.