• Мартин Танасковски
Реал Мадрид и РБ Лајпциг официјално постигнаа договор за трансферот на Јан Диоманде.
Талентираниот 19-годишен офанзивец потпиша седумгодишен договор со „кралскиот клуб“ и ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ до 30 јуни 2033 година.
Со овој трансфер, Реал Мадрид го обезбеди еден од најперспективните млади фудбалери во Европа, кој во иднина треба да биде важен дел од проектот на шпанскиот гигант.
Диоманде пристигнува од редовите на РБ Лајпциг, а во Мадрид доаѓа како најскап играч во историјата, со сума која надминува 140.000.000 евра.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.


