ОФИЦИЈАЛНО: РБ Лајпциг верува во младите тренери, потпиша со Тедеско

Екипата на РБ Лајпциг има нов тренер. Доменико Тедеско е назначен за нов предводник на „биковите“ од Бундеслигата, потврдија од клубот.

36-годишниот стратег до неодамна беше на чело на Спартак од Москва. Тедеско е роден во Италија, но како фудбалер настапуваше во Германија, ама играчката кариера ја заврши на само 23 години и веднаш почна да работи како тренер во јуниорските категории на Штутгарт, а подоцна работеше во Хофенхајм и Шалке, каде имаше забележителни резултати.

Тој го напушти клубот од Гелзенкирхен во 2019 година, кога го презеде Спартак. РБ Лајпциг одново му дава шанса на млад и не така искусен тренер, откако по завршувањето на ланската сезона клубот го напушти 34-годишниот Јулијан Нагелсман.

Договорот меѓу РБ Лајпциг и Тедеско е потпишан до крајот на сезоната 2022/23.