ОФИЦИЈАЛНО: Рангник е новиот менаџер на Манчестер Јунајтед!

Man

Манчестер Јунајтед го официјализира доаѓањето на Ралф Рангник на тренерската позиција до крајот на тековната сезона.

63-годишникот ќе има задача да го извлече максимумот во остатокот од сезоната. Потоа тимот од „Олд Трафорд“ ќе разгледува долгорочно решение во текот на летниот период.

Англискиот гигант уште минатата недела постигна договор со Локомотив Москва за ослободување на Рангник, кој работеше како менаџер за спорт и развој во рускиот клуб.

Германецот ќе ја преземе улогата на Мајкл Керик. Легендата на клубот го водеше тимот во победата над Виљареал во Лигата на шампионите и ремито на гости кај Челзи.