ОФИЦИЈАЛНО: Рамадани ја напушти Струга ТЉ и по неполна година се врати во Ренова

Изгледот на новата Ренова добива физиономија. Две нови имиња и десетина продолжени договори за само десетина дена ја покажуваат активноста на „гипсарите“ ова лето. 

Искусниот офанзивен фудбалер за врска, Емран Рамадани повторно ќе го носи дресот на Ренова. По неполна година мината во Струга Трим Љум, Рамадани се врати во прволигашот од Џепчиште, клуб чиј дрес го носеше пет сезони.  

Претходно, Рамадани настапуваше за  Партизани, Кораб и Шкендија.

Напаѓачот Флоријан Кадриу и „бисерот“ Бобан Миовски се единствени фудбалери кои ја напуштија Ренова во летниот преоден рок. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.