• Иван Димовски
Аталанта не губеше време по разделбата со Иван Јуриќ и веќе има нов тренер. Клубот од Бергамо официјално го назначи Рафаеле Паладино како наследник на хрватскиот стратег кој не успеа да го исполни очекуваното на стартот од сезоната.
Паладино, кој има 41 годин, добива можност пак да предводи тим со амбиции за европски пласман. Италијанецот претходно седеше на клупата на Фиорентина, со која минатата сезона избори шесто место во Серија А и полуфинале во Конференциската лига на УЕФА. Сепак, управата на „виолетовите“ реши да се раздели со него и да му даде шанса на Стефано Пиоли, потег што не донесе подобрување.
Паладино своето име го изгради во Монца, каде што го водеше тимот со препознатлив офанзивен стил, што му донесе голема почит во италијанските фудбалски кругови.
Новото поглавје во Бергамо ќе започне со вистински тест, бидејќи во првиот натпревар по репрезентативната пауза Аталанта гостува кај актуелниот шампион Наполи. Дебито на Паладино веднаш ќе покаже колку е подготвен за предизвикот што го носи клупата на еден од најамбициозните италијански клубови.








