• Иван Димовски

Прволигашот Работнички се реши за смена во стручниот штаб, а од клубот заминуваат Алпарсан Ердем и Бобан Бабунски.
Оваа двојка раководеше со тимот на „романтичарите“ во претходниот период, меѓутоа нешто не функционира. Работнички не знае за победа одум натпревари во ПМФЛ, а тоа беше „црвено знаме“ за управата која реши да менува.
Ердем и Бабунски ја напуштаат клупата на Работнички, па се очекува клубот да го назначи новиот шеф на стручниот штаб за време на репрезентативната пауза.
Следниот натпревар Работнички го игра на 23 ноември и тоа ќе биде гостување кај Шкендија, со сигурност со ново име на клупата. По 13 одиграни натпревари „романтичарите“ се претпследни со само седум бода и борбата за опстанок ќе биде навистина тешка.







