ОФИЦИЈАЛНО: ПСЖ се пофали со новиот договор со Нејмар!

Бразилскиот ас Нејмар и официјало уште долго време ќе го носи дресот на Пари Сен Жермен. Утринските шпекулации се потврдија и францускиот гигант на социјалните мрежи објави дека првата ѕвезда ќе остане во Париз до 2025 година.

Долго време се пишуваше дека Нејмар размислува да се врати во Барселона. Тоа можеше да се случи пред пандемијата, но сега финансиската криза го натера да остане на местото каде што игра од 2017 година.

Соработката на бразилскиот ас ќе му донесе голема заработка и во вид на бонуси. Особено голем е износот кој ќе го инкасира, ако ја однесе екипата до титулата во Лигата на шампионите.

ПСЖ преговара и со Килиан Мбапе, но со него договорот е далеку од склучување.