ОФИЦИЈАЛНО: ПСЖ објави дека Мбапе ќе продолжи да испишува историја!

Мбапе

Сагата околу иднината на Килиан Мбапе заврши со официјалната објава на Пари Сен Жермен.

Францускиот шампион потврди дека го продолжи договорот со еден од најдобрите фудбалери на денешницата. Реал Мадрид извиси и ќе почека во иднина да склучи соработка со напаѓачот на ПСЖ.

Мбапе ќе добие огромна сума на пари само за потписот на новиот договор. Годишно се шпекулира дека ќе инкасира неверојатни сто милиони евра, а ќе игра клучна улога при трансферите и изборот на новиот спортски директор.