• Иван Димовски
Пари Сен Жермен го промовира скапото засилување за средината од теренот во името на Жоао Невес.
Трансферот кој веќе некое време беше договорен сега доби и официјализација. Невес за сума од 60 милиони евра се сели во Париз, а Бенфика ќе добие уште десет милиони низ бонуси. Младиот Португалец веќе пристигна и стави потпис на договор со ПСЖ до 2029 година.
à Paris ! #WelcomeJoãoNeves pic.twitter.com/IdjMbKCDrc
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) August 5, 2024
Невес потекнува од младинската школа на Бенфика, а во Париз се сели по одличните партии во првиот тим на гигантот од Португалија. Исто така тој се покажа во добро светло и со репрезентацијата на Европското првенство.
Се очекува во спротивен правец да замине Ренато Санчез, кој би се вратил во Бенфика како позајмен фудбалер.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.