ОФИЦИЈАЛНО: ПСЖ го купи Ренато Санчез од Лил!

Екипата на Пари Сен Жермен доведе засилување за средината на теренот, во името на Ренато Санчез. 

Португалскиот фудбалер за сума од 15 милиони евра се пресели во таборот на шампионот. Иако Санчез долго време беше поврзуван и имаше договор со Милан, ПСЖ влета во преговорите, па оттогаш Португалецот размислуваше само за трансфер во Париз. Со „светците“, 24-годишникот парафира соработка на пет сезони. 

Санчез се покажа на фудбалската мапа уште во 2016 година, играјќи одлично за Португалија на Европското првенство. Со тоа си заработи трансфер од Бенфика во Баерн Минхен за 35 милиони евра. Сепак, Санчез практично „пропадна“ под притисокот и беше во втор план, па беше позајмен во Свонси. Во 2019 година, Лил реши да се „обложи“ на Португалецот и не погреши. Санчез ја оживеа кариерата, ја освои Лига 1 со Лил и со тоа пак го привлече вниманието на себе. 

Во редовите на ПСЖ, ова лето освен Санчез пристигнаа Витиња, Мукиеле и Екитике, а клубот доби нов тренер во името на Кристоф Галтие. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.