ОФИЦИЈАЛНО: ПСЖ без Меси ќе брка нова победа во ЛШ

Првата ѕвезда на Пари Сен Жермен, Лионел Меси и официјално нема да настапи на следниот натпревар на тимот во Лигата на шампионите, соопшти францускиот клуб.

Аргентинскиот репрезентативец ќе го пропушти натпреварот против РБ Лајпциг, поради повреда на бутниот мускул, со која се здоби на натпреварот против Лил. Покрај него, поради повреди на гостувањето во Германија нема да играат Марко Верати, Серхио Рамос и Леандро Паредес. Ова е трет натпревар за Меси кој го пропушта поради повреда откако дојде во ПСЖ во август.

Медиумите во Франција пишуваат дека ПСЖ е подготвен да го раскине договорот со Рамос, кој исто така има проблем со повредите, поради кои сè уште не дебитирал за „светците“, за кои потпиша летово.