ОФИЦИЈАЛНО: Просинечки не е повеќе селектор на БиХ

Роберт Просинечки и официјално не е повеќе селектор на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина. 

По завршувањето на квалификациите за Европското првенство во 2020 година, на кои БиХ одигра далеку под очекувањата, па извршниот одбор на федерација донесе одлука да ја заврши соработката со хрватската фудбалска легенда. 

„Со Роберт Просинечки спогодбено го раскинавме договорот. Синоќа имавме состанок, а денес ја донесовме конечната одлука“, рече потпретседателот на федерацијата, Милорад Софрениќ.

Просинечки на клупата на БиХ седна пред две години и на 22 натпревари запиша девет победи, шест реми средби и седум порази.