ОФИЦИЈАЛНО: „Принцот од Неретва“ нов босански селектор

По Чиро Блажевиќ, домашните легенди Сушиќ и Баждаревиќ и Роберт Просинечки, уште едно големо име седнува на клупата на репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Легендарниот Душан Бајевиќ и официјално е нов селектор на својата земја и наследник на Роберт Просинечки.

Откако беа договорени сите детали „Принцот од Неретва“ ја преземе селекцијата на БиХ на мартовските бараж натпреварите од Лигата на нации.

Бајевиќ е голема легенда на Вележ, а скоро цела своја кариера ја помина на клупата на АЕК Атина од Грција, Покрај за „жолто-црните“, кои ги водеше и во периодот кога за нив настапуваше Тони Савевски. Бајевиќ ги водеше и Олимпијакос, Арис, ПАОК, Омонија, Атромитос и Црвена Звезда.

Босна и Херцеговина во баражот на Лига Ц на Лигата на нации ќе се сретне со Северна Ирска, а во случај на победа место на Европско првенство ќе бара со поуспешниот од натпреварот Словачка - Република Ирска.