ОФИЦИЈАЛНО: Познато кога ќе започне новата сезона во Франција!

Мбапе

Француската фудбалска федерација денес ги откри официјалните датуми кога ќе започне новата сезона во Лига 1.

Почетокот на фудбалското првенство во Франција ќе се случи на 21 август со натпревар од 21:00 часот. Крајот, пак, ќе биде наредната година, на 23 мај. Плеј-оф натпреварите за прволигашки статус е закажан за периодот од 27 до 30 мај.

Првиот натпревар по долгата пауза од март ќе биде финалето на Купот. ПСЖ и Лион ќе се сретнат на 31 јули со почеток од 20:45 часот.

На почетокот од сезоната се планира на трибините да присуствуваат максимум 5.000 навивачи, а во текот на сезоната очекувањата се дека бројката ќе се зголеми за дополнителни 30%.

Французите први ставија крај на сезоната уште во април и го прогласија тимот на ПСЖ за старо-нов шампион.