ОФИЦИЈАЛНО: Потер е нов менаџер на Челзи, Брајтон доби големо обештетување!

Само еден ден му беше доволен на претпоследниот европски првак, Челзи, да го именува новиот менаџер. По неочекуваната смена на Томас Тухел, челниците на лондонскиот клуб се определија за млад англиски стручњак.

Од денес нов предводник на Челзи е Грем Потер, човекот кој во последните сезони го водеше Брајтон. 47-годишниот Англичанец доаѓа на „Стемфорд Бриџ“, а Брајтон ќе добие 18 милиони евра за предвремен раскин на договорот со менаџерот. 

Потер на големата сцена блесна во 2011 година во норвешкиот Естерсунд, а во Премиер лигата имаше значајни резултати како менаџер на Свонси и Брајтон. Потер е личен избор на сопственикот Тод Боели и ќе има доволно време и пари да ја докаже исправноста на оваа одлука.

Новиот менаџер на Челзи ќе дебитира в сабота против градскиот ривал Фулам.