ОФИЦИЈАЛНО: Поранешниот асистент на Мрме нов тренер на Беса

Откако завршницата од есенската полусезона во Втората македонска лига – Запад, донесе серија лоши резултати, раководството на Беса се реши да менува на клупата.

По заминувањето на тренерот Бујар Ислами, претходно и на Менсур Јакупи, газдата на клубот Мухамед Тахири-Хаџиу беше во потрага по нов стратег, кој би ја спасил Беса од испаѓање од втората по квалитет категорија во нашата земја.

Како што претходно објавивме, најблиску до договор беше Џенгис Реџепи, кој денес и официјално си подаде рака со сопственикот на клубот и ќе ја води Беса во пролетниот дел од сезоната во ВМФЛ.

Поранешниот асистент на Игор Ангеловски, кој беше дел од селекцијата на Македонија на Европското првенство, беше тренер во косовската Суперлига, но се реши да се врати во македонскиот фудбал, откако сопственикот Мухамед Тахир – Хаџиу му го претставил долгорочниот проект на клубот, чија цел е место во Првата лига.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк