ОФИЦИЈАЛНО: Попзлатанов се врати во Македонија ЃП

Прволигашот Македонија Ѓорче Петров претстави уште едно засилување во зимскиот трансфер период. „Лавовите“ во пролетниот дел од сезона на ПМФЛ ќе бидат посилни со услугите на поранешниот младински репрезентативец, Јован Попзлатанов.

26-годишниот крилен играч по само осум месеци се раздели со второлигашот Вардар и се паак ќе заигра во македонската елита. За него ова ќе биде враќање во редовите на прволигашот од Ѓорче Петров, откако за „лавовите“ настапуваше во сезоната 2021/22.

Претходно, Македонија ЃП се засили со бразилскиот бек Андреј Јаго и Драган Стојков. 

Освојувачот на Купот на Македонија веќе една седмица е на подготовки во Анталија, Турција, каде досега загуби од Берое и ремизираше со ЦСКА Софија.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.