ОФИЦИЈАЛНО: Маурицио Почетино е новиот предводник на ПСЖ

Францускиот фудбалски гигант Пари Сен Жермен ги потврди сите вести и го назначи Маурицио Почетино за нов предводник. Поранешниот играч на ПСЖ се врати во тимот, но овој пат како стратег. Почетино на клупата го наследи Томас Тухел, кој доби отказ во декември.

Почетино беше без работа од ноември 2019 година кога го напушти тренерското столче на Тотенхем. Деталите на договорот на 48-годишниот Аргентинец со ПСЖ засега не се познати. Почетино покрај во Тотенхем во кариерата работеше уште и во Саутемптон и Еспањол.

Аргентинецот ја презема екипата во одлична позиција во сите натпреварувања, со добро познавање на тимот и клупската управа и перфектно говорење на францускиот јазик.

Дебито во новата средина новиот тренер на ПСЖ ќе го има в среда против Сент-Етјен на гостински терен.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.