• Иван Димовски
Искусниот напаѓач Лукас Подолски реши дека е време за прв пат во својата фудбалска кариера да заигра во родната Полска, па парафира соработка со Горник Забрзе.
36-годишникот својата среќа во кариерата ја побара во Германија, за која запиша и 130 репрезентативни настапи, постигнувајќи 49 погодоци со што е трет на вечната листа стрелци. Досега Подолски нема играно во Полска, а сега со Горник се договори за едногодишна соработка. Клубот со специјално видео го претстави новото засилување.
... Nadszedł ten czas
Witaj w domu @Podolski10
#GornikZabrze #LP10 #JadymyDurś #witamywdomu pic.twitter.com/aWLiJMhWDu— Górnik Zabrze (@GornikZabrzeSSA) July 6, 2021
Фудбалскиот старт Подолски го имаше во Келн, од каде прејде во Баерн Минхен и пак се врати во клубот каде што започна. Во 2012 година го засили Арсенал, а потоа играше и за Интер, Галатасарај, Висел Кобе и Анталијаспор.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.