• Мартин Танасковски
Алехандро Домингез, првиот човек на КОНМЕБОЛ, потврди дека на Конгресот во Парагвај испратено е барање до ФИФА за Светското првенство (СП) во 2030 година кое ќе биде јубилејно да има зголемен број на учесници.
Светскиот фудбалски настан ќе ја одбележи 100 годишнината на Светските првенства, а ќе се игра во Шпанија, Мароко и Португалија. Побарано е на овој Мундијал да има 64 екипи, така што ќе има повеќе натпревари, повеќе возбуда и повеќе уживање во фудбалот по повод јубилејниот шампионат.
Покрај што СП 2030 ќе се игра во Шпанија, Мароко и Португалија, три натпревари од шампионатот ќе се играат во Уругвај, Парагвај и Аргентина, со цел да се одбележи првото Светско првенство кое во 1930 се играше во Уругвај.
Ова доколку се прифати, ќе биде голема шанса за Македонија да биде дел од едно Светско првенство. Нашиот национален тим досега играше само на Европско првенство, тоа беше 2020 година.