ОФИЦИЈАЛНО: По дебаклот во Манчестер, Фонсека ќе ја напушти Рома!

Екипата на Рома најави дека од следната сезона ќе има нов предводник. Пауло Фонсека ќе ја доработи сезоната на клупата на „Олимпико“ и договорот кој истекува налето нема да биде продолжен. 

Рома е пред елиминација во Лигата на Европа, загуби 6-2 кај Манчестер Јунајтед и дома мора да брка четири голови дефицит. Ниту во Серија А не котира како што се очекуваше и битката за Лигата на шампионите повеќе не е опција. Поради тоа, Фонсека и челниците се договорија да ја прекинат соработката. 

„Сите од таборот на Рома му се заблагодаруваат на Пауло Фонсека за досегашната работа и претходните години. Пауло го водеше клубот кон многу предизвици и покажа дека е добар лидер. Му посакуваме сè најдобро во кариерата и му се заблагодаруваме за сè што направи за клубот“, стои во соопштението. 

  • Потврда за заминувањето на Фонсека: 

Фонсека во договорот поседуваше клаузула која автоматски ќе го продолжеше, ако Рома избори место во Лигата на шампионите. Бидејќи тоа е речиси невозможно да се случи, клубот му се заблагодари за досегашната работа.