ОФИЦИЈАЛНО: Пиоли е замената на Џампаоло на чело на Милан

По вчерашното отказно решение за Марко Џампаоло, раководството на Милан денес експресно реагираше и испразнетата функција шеф на стручниот штаб ја пополни со Стефано Пиоли. 

Марко Џампаоло забележа катастрофални резултати на стартот од сезоната во Серија А и наиде на големи разочарувања кај многубројните фанови, па разделбата беше неизбежна. 

Сепак, фановите не се задоволни ниту од новиот избор на раководството, затоа што Пиоли, кој потпиша договор на две сезони, во минатото беше тренер на Интер и не се прослави. 

Пиоли својата тренерска кариера ја започна во 1999 година, а досега работеше уште во Болоња, Киево, Лацио, Палермо и Фиорентина.