ОФИЦИЈАЛНО: Петер Бош го презеде кормилото на Лион

Холандскиот стратег Петер Бош и официјално е нов тренер на Лион. Поранешниот предводник на Ајакс, Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен со францускиот гигант се договори на двегодишна соработка, со можност истата да биде продолжена за уште една сезона.

По неодамнешната разделба со Руди Гарсија, Бош не беше првиот избор на челните лица на Лион. Нивна прва желба беше Кристоф Галтиер, кој ја освои титулата со Лил, а потоа го напушти таборот на шампионот и најверојатно ќе седне на клупата на Ница.

57-годишниот Бош од март оваа година, кога доби отказ од Леверкузен, беше без ангажман и со задоволство ја прифатил поканата да го преземе седумкратниот француски шампион.