ОФИЦИЈАЛНО: Перишиќ е засилувањето за Баерн пред стартот на Бундеслигата!

Иван Перишиќ Баерн Минхен

Хрватот Иван Перишиќ ќе соработува со сонародникот Нико Ковач во екипата на Баерн Минхен.

30-годишникот ќе игра една сезона како позајмен фудбалер, а за тоа германскиот првак ќе плати пет милиони евра. На крајот од сезоната, Баварците ќе мора да го откупат договорот на фудбалерот од Интер за сума од 20 милиони евра.

Хрватскиот интернационалец нема да има проблеми да се адаптира на Бундеслигата. Претходно четири години настапуваше во Германија, во дресовите на Борусија Дортмунд и Волфсбург.

За „неразурите“ одигра над 150 меча и постигна 40 погодоци. Сега го очекува борба за место во првиот тим со Серж Гнабри и Кингсли Коман.