ОФИЦИЈАЛНО: Пеп го донесе и Аке во Манчестер Сити

Манчестер Сити донесе второ ново име во само два дена и потпиша договор со Натан Аке од редовите на Борнмут.

25-годишникот доаѓа за сума од околу 40 милиони евра, а со Манчестер Сити се договори за соработка до 2025 година. Играчот долго време беше желба на Пеп Гвардиола кој го посакуваше во одбраната и истата конечно се исполни.

„Манчестер Сити е најдобриот тим во Англија во изминатите години. Трансферот во овој клуб е остварување на мојот сон. Ќе играм со играчи од светска класа. Каде и да погледнеш, на било која позиција во тимот, има феноменални имиња. Исто така ќе работам и со Пеп Гвардиола, еден од најдобрите тренери во историјата на фудбалот“, изјави Аке.

Претходно, Манчестер Сити го донесе и Феран Торес од редовите на шпанска Валенсија.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.