ОФИЦИЈАЛНО: Пелистер го врати Томче Гроздановски во мак-фудбалот

Фудбалскиот клуб Пелистер промовира уште едно ново засилување за пролетната полусезона во ПМФЛ

Нов член на „зелено-белите“ од Битола е Томче Гроздановски. 25-годишниот фудбалер за врска се враќа во мак-фудбалот откако во првата полусезона беше дел од романска Конкордиа. Со пелистерци сега фудбалерот кој има и еден настап во сениорската репрезентација на Македонија потпиша договор до крајот на сезоната.

Во својата кариера Томче Гроздановски тргна преку Металург и Кожуф, па замина во словенечки Злате Моравче, а потоа беше дел од Дугопоље пред да се врати во ПМФЛ и да заигра за Работнички и Силекс.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.