ОФИЦИЈАЛНО: Пелистер донесе ново засилување за ПМФЛ

Некогашниот фудбалер на Академија Пандев, Валентин Кочоски и официјално ги напушти редовите на Струга Трим Љум и веднаш си најде нова средина, откако се договори со новајлијата во ПМФЛ, екипата на Пелистер.

23-годишниот фудбалер по само една сезона се раздели со клубот покрај Охридското езеро, но ќе остане во ПМФЛ. По неколкуте седмици преговори раководството на пелистерци пронајде заеднички јазик со младиот фудбалер и го претстави своето ново засилување. 

Кочоски беше дел од Струга Трим Љум од 2018 година, а оваа сезона одигра 18 натпревари и постигна еден гол. Во кариерата настапуваше и за Беласица, Хоризонт Турново, Шкупи, Академија Пандев... 

Пелистер гради тим за ПМФЛ, а досега донесе имиња како Давор Талески, Иван Пејаковиќ, Дарко Илиески, Ѓорѓи Танушев...

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.