ОФИЦИЈАЛНО: Педри останува во Барселона до 2026 година!

Педри

Младиот шпански репрезентативец, Педри договори нова соработка со Барселона и потпиша долгогодишен договор до 2026 година.

Талентираниот фудбалер се обврза да остане во клубот каде се прослави и стана светска фудбалска ѕвезда. Откупната клаузула во неговиот договор изнесува неверојатни една милијарда евра.

Шпанскиот репрезентативец одигра 53 натпревари во сезоната 2020/21. Тоа е повеќе од било кој друг фудбалер на каталонскиот клуб, што кажува дека уште сега има големо значење за првиот тим.

Педри е миленик на фановите на Барса, кои конечно добија добри вести поврзани со својот клуб.