• Иван Димовски
Како што беше најавено, Пауло Фонсека е промовиран во нов тренер на Милан. Португалскиот стратег ќе ја наследи клупата од Стефано Пиоли кој се раздели со „росонерите“ по крајот на сезоната.
51-годишникот минатите две сезони седеше на клупата на Лил, а сега со Милан договори тригодишна соработка. Иако се споменуваше дека ќе потпише договор до 2026 со опција на продолжување, делува дека договорот сепак е тригодишен. Клубот го потврди Фонсека како нов тренер преку официјално соопштение.
- Официјалната потврда на Фонсека во Милан:
Official Statement https://t.co/8VToZbcKxv
Comunicato Ufficiale https://t.co/ZTnirAMhqY#SempreMilan pic.twitter.com/mMAkh0vEBR
— AC Milan (@acmilan) June 13, 2024
Освен во Лил, Пауло Фонсека работеше и во калчото на клупата на Рома од 2019 до 2021 година, па го познава италијанскиот фудбал. Најголемите успеси португалскиот стратег ги имаше со украински Шахтјор, а сега е пред најголемиот предизвик во кариерата.