• Иван Димовски
Пауло Дибала и официјално останува во Рома, откако аргентинскиот репрезентативец потпиша нов договор со римскиот клуб до 30 јуни 2027 година. Иако од почетокот на јули формално беше слободен агент по истекот на претходниот договор, двете страни постигнаа договор за продолжување на соработката.
Според италијанските медиуми, 32-годишниот офанзивец прифатил значително намалување на платата за да остане на „Олимпико“, па наместо околу осум милиони евра годишно, ќе заработува нешто помалку од три милиони евра по сезона, плус бонуси.Рома ја потврди веста преку официјално соопштение.
„АС Рома со задоволство објави дека Пауло Дибала потпиша нов договор кој важи до 30 јуни 2027 година.
Од доаѓањето во Рим во летото 2022 година, Дибала веднаш ги освои срцата на навивачите. На 139 натпревари постигна 45 голови и се потврди како еден од клучните играчи на тимот, но и лидер на теренот и надвор од него. Приказната на Рома и 'Ла Хоја' продолжува, а пред нас се нови поглавја. Напред заедно, Пауло!“, соопшти римскиот клуб.
Минатата сезона Дибала одигра 22 натпревари во Серија А, постигна два гола и запиша седум асистенции.

