ОФИЦИЈАЛНО: Падна најважниот потпис, Тухел во Челзи до 2024 година!

Тухел

Екипата на Челзи успеа да ја освои титулата во Лигата на шампионите, а награда за добрата сезона доби Томас Тухел.

Германскиот тренер ја продолжи соработката со лондонскиот клуб до 2024 година. Тоа беше потврдено на официјалната страница на премиерлигашот.

Се шпекулира околу тимот со кој што ќе располага Тухел наредната сезона. Планот е да се направи ремонт и да се зголеми конкуренцијата, со цел да се направи атак на трофејот во Премиер лигата.

На половина од изминатата сезона никој не веруваше во Челзи. Меѓутоа со доаѓањето на Тухел работите се променија и беа запишани неколку големи успеси во самата завршница.