ОФИЦИЈАЛНО: Откажани сите натпревари во ЛШ и ЛЕ!

УЕФА

Сите натпревари кои наредната недела требаше да се одиграат во рамки од Лигата на шампионите и Лига Европа се одложени, потврди УЕФА на својата официјална страница.

Заканата од коронавирусот ги натера првите луѓе на Европската фудбалска федерација да ја донесат оваа предвидлива одлука. Информации за новите термини на овие натпревари дополнително ќе бидат споделени со јавноста.

Наредната недела требаше да се одиграат преостанатите натпревари од нокаут фазата во двате големи натпреварувања. Тоа значи дека нема да се одржи ниту четвртфиналната ждрепка која беше закажана за 20 март.

Тоа значи дека Наполи на Ељиф Елмас нема да гостува во Барселона во обид да стигне до четвртфиналето во Лигата на шампионите.