ОФИЦИЈАЛНО: Оле Гунер Солскјер потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед

По само еден ден откако беше официјализиран трансферот на Џејдон Санчо, Манчестер Јунајтед соопшти дека Оле Гунер Солскјер потпиша нов договор со тимот и на чело на „црвените ѓаволи“ ќе биде до јуни 2024 година.

На норвешкиот стратег му истекуваше договорот следното лето, но раководството на клубот реши да го награди за одличните резултати кои ги бележи во последните сезони и младиот стратег без многу размислување ја прифати понудата и стави потпис на нова соработка со најтрофејниот премиерлигаш.

„Сите знаете какво чувство имам кон овој клуб. Јас сум задоволен што го потпишав овој нов договор. Следува возбудливо време за Манчестер Јунајтед, изградивме состав со добар биланс на млади и искусни играчи кои се гладни за успех“, рече Оле по новиот договор.

Солскјер ова лето покрај Санчо го доби и искусниот голман Хитон, но многу веројатно до крајот на трансфер-периодот во Јунајтед ќе стигнат уште неколку квалитетни засилувања.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.