ОФИЦИЈАЛНО: Оле Гунар Солскјер е нов тренер на Бешикташ

Норвежанецот Оле Гунар Солскјер пронајде нов ангажман во тренерската кариера и потпиша договор со турскиот гигант, Бешикташ. 

Легендата на Манчестер Јунајтед не работеше никаде откако замина од таборот на „ѓаволите“, а сега реши да се пресели во Турција и да му помогне на тимот кој е на шестата позиција во Суперлигата и се бори за пласман во евро-куповите следната сезона. 

Договорот со Бешикташ трае до крајот на следната сезона, а во него има и опција за продолжување на соработката. Норвежанецот скоро четири години беше без работа, а пред ангажманот во Манчестер Јунајтед беше тренер на Молде и Кардиф. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.