ОФИЦИЈАЛНО: Одложен мечот меѓу Аталанта и Виљареал во ЛШ

Аталанта и Виљареал се борат за следна фаза во Лигата на шампионите во директен дуел, но овој натпревар нема да се игра во предвидениот термин.

Снежните врнежи кои го зафатија Бергамо направија проблем. УЕФА прво одлучи натпреварот да биде одложен за дваесет минути и да се направи обид да биде исчистен тревникот, меѓутоа ситуацијата драстично се промени.

Пресметката кој ќе го даде осминафиналистот од групата заедно со Манчестер Јунајтед ќе се игра утре.