ОФИЦИЈАЛНО: Облак се обврза на нов договор со Атлетико до 2023 година!

Облак 2023

Екипата на Атлетико Мадрид го потврди потпишувањето на новиот договор со голманот Јан Облак.

Словенецот важи за еден од најдобрите во светот и поради големиот интерес од големите екипи, побара повисока плата и продолжување на соработката за две години. 

Диего Симеоне не сакаше да загуби еден од клучните фудбалери за успесите во претходните неколку години, па цело време притискаше за неговото останување.

Новиот договор на словенечкиот чувар на мрежата ќе му донесе годишна плата од десет милиони евра, плус дополнителни бонуси според неговите настапи.

Откупната клаузула за неговите услуги скокна за 20 милиони и сега изнесува 120 милиони.