• Иван Димовски
Нотингем Форест го промовираше четвртиот нов тренер оваа сезона, а тоа ќе биде Витор Переира.
„Шумарите“ сезоната ја започнаа со Нуно Еспирито Санто, па во септември му врачија отказ. Него го наследи Анге Постекоглу, меѓутоа неговиот престој на „Сити Граунд“ траеше кратко. Од октомври до пред неколку денови тимот го водеше Шон Дајч, па и тој доби отказ.
Сега клубот му ја довери клупата на Витор Переира кој минатата година работеше во Вулверхемптон.
Кариерата на Португалецот е егзотична, тргна преку Санхоаенсе и Еспињо, па ја водеше Санта Клара, Порто, Ал-Ахли, Олимпијакос, Фенербахче, 1860 Минхен, Шангај СИПГ, Коринтијанс, Фламенго, Ал-Шабаб и последно „волците“.
Со Нотингем Форест тој потпиша договор до јуни 2027 година.










