ОФИЦИЈАЛНО: Њукасл го позајми Набил Бенталеб од Шалке 04

На крајот од зимскиот преоден рок се очекува премиерлигашот Њукасл Јунајтед да биде еден од најактивните клубови во Европа. Фудбалерот на Шалке 04, Набил Бенталеб во наредните шест месеци ќе биде позајмен во Њукасл.

Премиерлигашот ќе има можност за откуп на неговиот договор по завршување на сезоната. 

„Среќен сум што се враќам во Премиер лигата, особено во клуб каков што е Њукасл. Тренерот Брус има доверба во мене што веднаш го забележав. Мислам дека ова е совршен потег за мене“, рече 25- годишниот алжирски фудбалер. 

Бенталеб од 2013 до 2017 година настапуваше за Тотенхем, па замина на позајмица во Шалке 04, по што потпиша четиригодишен договор со бундеслигашот. Клубот од Гелзенкирхен минатата сезона го префрли во вториот тим од дисциплински причини.