ОФИЦИЈАЛНО: Никола Секулов се пресели во Сампдорија!

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, а сегашен член на „аѕурите“, Никола Секулов, и официјално е нов член на Сампдорија, клуб кој во новата сезона ќе се натпреварува во Серија Б.

22-годишниот Секулов, чии родители се од Струмица, беше дел од младинските категории на Јувентус, а одигра и еден натпревар за Кремонезе како позајмен фудбалер. За него интерес покажа Сампдорија, која е предводена од Андреа Пирло и клубот од Џенова утрово го потврди трансферот на младиот фудбалер, со кого потпиша договор до 2028 година.

Трансферот од Јувентус во Сампдорија ќе чини два милиони евра. За Секулов, Сампдорија ќе биде прва сериозна можност во сениорскиот фудбал да ги покаже своите можности по настапите за У23 тимот на Јувентус.

Секулов беше дел од У17 репрезентацијата на Македонија, но поради несогласувања и проблеми со селекторот и раководните лица на Федерацијата реши да се откаже од македонскиот пасош и во иднина да игра за Италија.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.